Зголемен е бројот на сообраќајки лани во велешко, најголемиот број биле кај исклучокот од експресниот пат кај Градско, каде лани летото имаше пет жртви

Петар Печков

Регистрирани се  358, или за 80 повеќе од   2024 година, што е  30 отсто . И бројот на жртви е зголемен, од пет починати патници во 2024,  во осум во 2025 година. 

„Најголем број од сообраќајките се на новиот експресен пат  Прилеп – Градско, на исклучок кај Градско“ – појасни Ненад  Дејаноски, командир на Полициската станица Велес, објаснувајќи  го годишниот извештај за нивната работа, пред членовите на Советот на Општина Велес. 

Минатата година за неколку месеци летото, оваа критична делница зема пет човечки животи. По серијата натписи на СДК, директорот на ЈП за државни патишта Гоце Трајановски најави дека ќе се менува вертикалната сигнализација а се проектира и нов  сообраќане проект за исклучување. 

Во ланските сообраќајки во велешко, заедно со општините Чашка и Градско,   212 лица се здобиле со повреди, од кои 42 со тешки а 170 со телесни повреди. Во 2024 година имало помалку повредени 181, од нив  39 со тешки а  142 со лесни телесни повреди

Минатата година на возачите  во велешко им биле изречени  8.271 платни налози поради сторени сообраќајни прекршоци. Од нив 2.161 се евидентирани на делницата од Автопатот А1 што ја покрива ПС за БПС Велес , од тунелите кај Катланово до локалитет Стоби. Или секој четврти прекршок сторен лани, бил на автопат.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

ПРОГРАМА ЗА НОВОГРАДБИ ВО ВЕЛЕС

Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните семејства да се пријават за вклучување во Програмата за новоградби во Велес.
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

  • да
  • не
Резултати