За 29 велешки семејства од социјално ранливи категории, станови во ново изградената станбена зграда

Петар Печков

Дваесет и девет велешки семејсва од социјално ранливите категории ги добија клучевите од нивните нови домови, станови во т.н. „социјална зграда“ во Велес.

Секое семејство со своја животна приказна  кои живееле под кирија, повеќе членови во скромни услови, лица со попречености. Сите тие со солзи радосници ги примија клучевите. Меѓу нив и 19 годишно девојче, кои пораснало во згрижувачко семејство.

„Ова е нашиот нов дом, за мене и на мојот малолетен брат. Родителите не заборавиле, но еве државата  не. Благодараност до семејството Дурмишовски кое не` порасна“ – кажа девојката.  

Зградата е на пет ката, со површина на становите од 38 до 42 м2, инвестиција на АД  за изградба и стопанисување  со станбен и деловен простор. Лоцирана е близу некогашната циглана Киро Ќучук. Започна да се гради во април 2021 година.

„Со среќни мигови станарите да престојуваат во нивните нови домови. Овие се 29, претходно во Велес  беа изградени 144, од нив 70 отсто се продадени а остатокот е под закуп“ – кажа Марјан Стефановски, директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Закупот е 15 денари од м2 или  600 денари за еден месец за еден стан во новата зграда во Велес.  На јавниот повик аплицирале 59 лица,  19 пријави не биле комплетни па се отфрлени, 11 се одбиени, па така станови добија 29 лица.

Становите ги добија деца без родители или родителска грижа, корисници на право на гарантирана минимална парична помош, лица со попреченост или семејства на лица со попреченост, самохран родител, припадници на ромска популација социјално загрозени.

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати