Велешка Пошта со три нови возила, за поквалитетна услуга на пратките кон корисниците (фото видео)

Петар Печков

Подружницата на Македонски Пошти Велес доби три нови поштенски возила, со кои треба да се подигне нивото на услугите кон корисниците.  Примопредавањето го изврши директорот на ЈП Македонски пошти. 

„Според нашите анализи, овие три возила треба да бидат доволно за да ги извршат работите кои се нивна обврска. Така ќе имаат поефикасна и  поефективна работа. Очекувам и други инвестиции во следниот период“ – кажа Орхан Куртиши, генерален директор на ЈП Македонски пошти.

Возилата се  марка „фиат дабло“, модел 2026 година. Возилата се опремени со најмодерна опрема, климатизација, навигација, сензори, задни камери. Возилото е со носивост од 750 кг. 

„Ја олеснуваме работата на  лицата кои ги управуваат новите возила за побрза и поуспешна испорака на стоката. Во возилата дополнително ќе вградиме камери во товарниот дел., што е новина во работата.  Така ќе се следи пратката од самото задолжување во пошта, преку транспортот до конечна испорака на пратката. Така ќе се подобри квалитетот на услугата  кон странките. Со поставувањето на овие камери ќе отстраниме некои аномалии кои беа констатирани од страна на Управниот одбор, при испораката пратките“ – рече Николчо Угринов заменик генерален директор на Македонски пошти. 

Пошта Велес покрива три општини Велес, Чашка и Градско со  11 пошти и покрива територија со 70 илјади население. 

„Со новите  возила  ќе ги подобриме условите и услугите за работа за сите работени. И секако поуспешна достава на пратките за корисниците“ – рече Виолета Малчева директорка на подружница на Македонски пошти Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати