Патничките возови од Скопје кон Велес, Битола и Гевгелија нема да сообраќаат десетина дена

Петар Печков

Од понеделник 22 јуни до први јули нема да сообраќа ниту еден патнички воз од Скопја во правец на Велес, Гевгелија и Битола. Десет дена  нема да има железнички сообраќај кон овие три града, бидејќи ќе се изведуваат градежни работи.

„Поради изведување на завршните градежни работи на пругата Скопје – Велес, на делницата од станица Скопје до станица Зелениково за потребите на проектот „Градски воз“, привремено од 22.6.2026 до 1.7.2026 година, нема да сообраќаат возовите“ – соопштија од ЈП МЖ Инфраструктура. 

Нема да сообраќа дури ни патничкиот воз кој напладне сообраќаше од Битола во12:46 и веднаш по пристигнувањето во Велес во 15,25 се враќаше назад, иако не ја минува релацијата која се реконструира Скопје – Зелениково. 

Овие десет дена во Македонија ќе сообраќаат само двата патнички воза, утринскиот и пладневниот  кон Куманово и исто толку назад кон Скопје.    

Последните две седмици патничките возови кон Гевгелија бележеа огромно задоцнување, по два три часа.

Се случуваше утринскиот од Скопје  наместо во 7:22 ч да мине низ Велес во 11:35  а вечерниот наместо во 7:40 да замине во 9;15ч. Имаше денови кога попладневниот воз од Скопје не замина за Гевгелија  со тоа и утринскиот од Гевгелија за Скопје да не сообраќа. За ова одговор не дадоа ниту од  ЈП МЖ Инфраструктура ниту од АД МЖ Транспорт.

Поврзани »

ТРЕТО АВИО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ВЕЛЕШКО

Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 10 август 2026 година (понеделник) во раните утрински часови. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати