Петар Печков
Објавено: четврток, 24 јули 2025
Археолошкиот локалитет Стоби е домаќин на десетина студенти, од првата летната школа, за фотограметрија. Тоа е вештина на одредување на големината на фотографираните предмети врз основа на фотографија, особено во топографијата.
Посетителите учат како да ја документираат историјата користејќи најсовремени дигитални методи. Студентите се обучуваат и за компјутерска, терестријална и воздушна фотограметрија – техники што овозможуваат креирање и анализа на 3D податоци од археолошки ископувања.
„Работиме на фотограметрија и 3Д снимање на Теодосијанската палата, како и на местата каде се вршат археолошките ископувања“ - кажа Кристен Џоунс, докторант на универзитетот во Кинстон Канада.
Таа заедно со професорот Џорџ Биван на локалитетот доаѓаат десетина години и тука несебично работат и помагаат.
Посетители на оваа ретка и за стручните кругови, летна школа за фотограметрија се студенти од САД, Кина, Индија и Бугарија.
„Дојдов тука да научам фотограметрија и 3Д моделирање. Дојдов затоа што го сакам Балканот и затоа што цивилизацијата во Европа започнала на Балканот, не во Берлин и Брисел“ – рече Ред Мег Ги, студент од Универзитетот во Лос Анѓелес, САД. Тој работи на магистратура на тема врежувања на индијански цртежи во карпа.
Исто толку, десетина студенти се учесници на 14 летна школа за конзервација и реставрација на римска доцна керамика, која истовремено се одржува во Стоби. Учесниците работат и учат во археолошкиот локалитет и велат дека таа е одлична можност да научат во пракса за конзервацијата и добијат дополнителни знаења за факултет.
„Првата недела учесниците работеа на реплики, за да ги совладаат техниките на конзервација и реставрација. Оваа седмица работа заштита автентични керамички садови од збирката на НУ Стоби“ – вели Биљана Јанкуловска Пеева, конзерватор во НУ Стоби.
По воведните предавања, кои се однесуваат на историјата на Стоби, историјата на керамика, карактеристиките на глината и керамиката и основни принципи на конзервација и реставрација, учесниците работат и конзервација на керамички садови.
„Студирам археологија, но немаме практична работа. Ми се доѓата искуството што тука го добивам и работам на директна заштита на предметите од керамика“ – кажа Елеонор Саливе, студнетка од Њујорк САД.
И двете летни школи се во соработка на НУ Стоби со Фондацијата Балканско наследство од Софија, Бугарија.