Петар Печков
Објавено: четврток, 03 јули 2025
Со хит претставата „Вечера за глупаци“ велешки театар вчеравечер, среда, настапи во Пустец, Албанија, на 20-то издание на фестивалот „Македонско културно лето“.
Претставата е во режија на Ненад Витанов а настапија: Фаик Мефаилоски, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Талија Настова, Јордан Витанов, Кире Ацевски, Сандра Танчева.
Претставата се одигра на отворено во центарот на Пустец. Веднаш потоа велешките музичари Орхидеја Дукова и Сашко Костов има концерт.
Јубилејно издание, кое е во организација на актерот Едмонд Сотир и Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“ се одржува од 1 до 5-ти јуни, има изложби, концерти. Се одигра и претставата „Снежана и седумте џуџиња“ на НУ Театар Битола, концерт имаше и Драган Даутовски.
Претставата и концертот ги проследија тројца министри од Владата, Тимчо Муцунски - министер за надворешни работи, и велешаните Панче Тошковски министер за внатрешни работи и Зоран Љутков министер за култура и туризам.