Повеќе филмови, повеќе проекции а помалку гледачи лани во Киноверзум Велес

Петар Печков

Ланската година проекциите на 3Д киноверзум во Велес ги посетиле 6.307 гледачи. Тие гледале 1.062 кино проекции на 132 филмови. Ова се бројките кои ги објави Државниот завод за статистика. 

Поголем број на прикажани филмови, поголем број на кинопретстави а помал број на гледачи. Таква е состојбата со кино публиката во Киноверзум во Велес во ланската 2024 година, според податоците од Државниот завод за статистика.

Лани биле прикажани 132 филма што е за 10 повеќе од 2023 година, одржани биле 1.062 кино претстави, година дена пред тоа имало 897. Бројот на гледачи е во опаѓање и тоа драстично. Лани имало 6.307 што е двојно помалку од 2023 кога 13.889 лица купиле билет. Секоја кино проекција ја следеле по шест гледачи а еден филм го гледале по 51 гледач.

3Д КИНОВЕРЗУМ на јавниот повик ја доби на три годишно користење салата „Бели мугри“, тој истекува на почетокот на следната година.  Започна со работа на 19 јануари 2023  Водици, со прекцијата на филмот Аватар.

Поврзани »

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Во периодот од 1ви до 15ти Септември годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот, на следните броеви: 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати