Зафирчев со награда за најдобар актер на Фестивалот во Мала Преспа

Петар Печков

Васил Зафирчев е добитник на наградата за најдобар актер на 12-тото издание на фестивалот Македонско културно лето,  кое се одржува во Мала Преспа - Албанија, за улогата на Волкот во претставата за деца "Црвенкапа" во продукција на Театар "Јордан Хаџи Константинов Џинот" од Велес. Организатор на Фестивалот е здружението ,,Сонце,, и актерот Едмонд Сотир. Зафирчев во  името на матичен од негово лично име од срце да се заблагодарам на жирито за доделената награда за најдобар актер за улогата.

Ми претставува необично убава чест и задоволство, особено затоа што ова ми е прва награда за остварена улога во театарска продукција за деца и што ја добивам токму на оваа единствена манифестација која ја промовира и афирмира македонската уметност и култура во Албанија. Моите најискрени желби за уште многу успеси на нашиот театар и за идни убави и успешни изданија на овој фестивал - порача Зафирчев. 

„Театар Комедија“ ја доби  наградата за најдобра претстава на Фестивалот за „Мечка” во режија на Димче Николовски. За најдобра актерка на фестивалот прогласена е Ана Левајковиќ за улогата на Памина во претставата „Волшебната Флејта“ на „Театар за деца и младинци“ од Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати