Петар Печков
Објавено: недела, 02 ноември 2025
На денешната крводарителска акција на Мото клубот Носачи на крстот беа собрани 200 клрвни единици. Тоа е рекорд на акциите кои ги организира велешките моторџии. Таа се организра за 9-ти Ноември, Денот на Општината. Од овие 200 крводарители седум се нови, првократни.
Акцијата беше реализирана од Општинската органзиација на Црвен Велес, и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, помогнати од Општина Велес и Театар Јордан Хаџи Констатнинов Џинот.
Оваа акција на МК Носачи на крстот се одржува 18 години по ред, со тоа што од 2020 година се одржува и пролетна. Или со оваа есенска акција , таа стана полнолетна.
Лани беа собрани рекордни 180 крвни единици а пролетва 183.
