Започна вакцинацијата од сезонски грип

Петар Печков

Утрово во 8ч. започна вакцинацијата од сезонски грип, која се изведува во просториите на Центарот за јавно здравје Велес.  Вакцинацијата се одвиваше до 13ч. и така ќе биде во наредните две седмици. Се аплицира вакцина од холандско производство АББОТ, четиривалентна. Лани во Центарот  над 2.800 лица биле вакцинирани од сезонски грип.

„Добиени се две илјади вакцини, кои треба да се аплицираат на граѓаните кои се пријавиле преку „Мој термин“. И тоа во следните две седмици. Секојдневно има по 120 термини, на секои пет минути во период од 8 до 13ч. Денес беа аплицирани 112 вакцини. Доколку постои интерес, откако овие вакцини ќе завршат, ќе се добијат нови, ќе се пуштат нови термини, за нови заинтересирани граѓани“ - соопштија од Центарот за јавно здравје. 

Со бесплатната вакцинација од сезонски грип се опфатени ризичните групи население- лица над 65 години возраст, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

Центарот за јавно здравје  Велес добиле и 100 вакцини за комерцијални цели. Тие се за подрачјето од Повардарјето, освен Велес и за Кавадарци, Неготино, Гевгелија и за Свети Николе. Нивната цена е 700 денари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати