Едукација на возачите, што значи ако не ги почитуваат сообраќајните правила

Петар Печков

На неколку локации во Велес, реализирани се превентивни активности од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Возачите предупредени што значи непочитувањето на сообраќајната сигнализација. 

„Во непосредна комуникација на возачите им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот, како и за ризикот што го преземаат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, пред се за личната, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот“ – соопштија од МВР.

Активноста е реализирана од полициски службеници од Отсекот за превенција и ПС БПС при СВР Велес.  

Во рамки на превентивната активност беше поделен печатен едукативен материјал, изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност-Скопје.

 фото МВР

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате родителите да бидат казнувани кога нивните деца ќе направат прекршок или кривично дело на училишта?

  • да
  • не
Резултати