Државната Словенечка телевизија снимаше репортажа за Велес

Петар Печков

Три дена во Велес престојуваше екипа на националната  РТВ Словенија. Снимаше на повеќе локации во градот, со  повеќе соговорници, за различни теми, различни приказни. Од економија, преку портрети на личности, култура, екологија. Емисијата е дел од серијата посветена на некогашните Титови  градови.

Серијата опфаќа како живеат граѓаните во овие градови, две и пол  децении подоцна, по распадот на некогашната заедница. Велес е првиот град каде започна снимањето на овој серијал.

Велес е многу убав град, снимивме на различни локации. Преку животот на  Вашите великани Џинот и Рацин зборуваме за новиот театар и стрип уметноста. Потоа имавме приказна за Градскиот пазар, за Боре некогашниот командант  на бројни работни акции каде се градеше тогашната држава.  И за Вашата сплотеност и единство, кое е навистина грандиозно околу забраната за рестарт на индустрискиот капацитет Топилница. Раскажуваме и  како се  менувале имињата на секој град, што е  комплексна и сложена работа  – изјави  Амир Муратовиќ  режисер на серијата.

По Велес, Словенците заминаа за Митровица, Ужице, оттаму за Подгорица, поранешен Титоград. Во вториот дел ќе ги снимат репортажите за  Врбас, Кореница, Дрвар и на   крај  за Велење. Серијата е планирана да се прикаже на РТВ Словенија напролет. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати