Доделена наградата „Европска жена на годината“ за 2024 година, меѓу добитничките велешанката Далиборка Златева

Петар Печков

Тим Европа и Обединетите Нации во Македонија денеска на Меѓународниот ден на жената ја доделија наградата „Европска жена на годината“ за 2024 година. Седумте покровители се здружија со седумте номинирани кандидатки – извонредни жени препознаени како креатори на промени во нивните заедници. една од добитничките беше и велешанката Далиборка Златева, која признанието го доби  како борец за првата на лицата со попреченост.


Другите добитнички се  Алмира Фасљи Муарем ромска активистка од Скопје – претставена од германската амбасадорка Петра Дрекслер, Марија Дуда Дибиаџио претприемачка од Крива Паланка – претставена од шефот на претставништвото на ЕИБ Бјорн Габриел, Катерина Котеска-Стисниовска, адвокатка од Битола – претставена од амбасадор на Шпанија, Хозе Луис Лосано Гарсија, Елмедина Абдулахи, поборничка за животната средина од Тетово – претставена од грчката амбасадорка, Софија Филипиду, Греса Мустафаи, спортистка од Струга – претставена од амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер, Ана Витанова Рингачева, универзитетска професорка од Струмица – претставена од амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Јаин. Далиборка Златева беше претставена од постојаната координаторка на ОН, Росана Дуџиак.

На свеченоста не беше официјално презентирана добитничката на наградата, со цел да им се да даде исто значење на сите седум како жени- носители на помени во општеството, но годинашната награда „Европска жена на годината“ во Македонија, според галсовите на ФБ ја доби Далиборка Златева.

фото ФБ/ Делегација на ЕУ во Скопје

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати