Два часа пациент барал помош од медицинска сестра, откако паднал од кревет во физикално, но бидејќи ја немало се јавил на 112

Петар Печков

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов објави   на порталот СДК.МК  дека пациент од велешка болница преку  службата 112 побарал помош, оти два часа немало кој да му помогне во велешка болница а тој паднал од креветот.

Случајот го нарече го „бизарен“ бидејќи и за вработените во службата 112 било несфатливо лице кое е во болница да бара помош од брза помош. 

Кога екипата на Итната помош од Велес, по добиениот повик од пациентот, се појавила пред вратата на физикалното одделение, 40 минути не можеле да влезат оти врата била заклучена а клуч утрото  околу 5 часот немал никој, кој може да помогне.  

„Нашите оператори мислеле најпрво дека станува збор за некое недоразбирање, оти како е можно лице кое е згрижено во болница да бара помош? Но, навистина било така. Лицето било примено во болницата, но во текот на ноќта паднал од кревет и барал помош од сестра и доктор. Никој не доаѓал два часа. Успеал да дојде до мобилниот телефон и се јавил кај нас. Имал шипки во рацете и ‘рбетот. Кога нашите го префрлиле повикот во Брзата помош, тие биле збунети како сега да одат во болница да интервенираат. Нашите го контактирале и обезбедувањето, но тие немале соодветен клуч и не можеле да влезат. Настанала вистинска драма која траела 40 минути додека влегла Брзата помош. Нашите мислеле дека умрел пациентот оти одредено време го немало на линија, а тој го исклучил телефонот за да ја зачува батеријата“, кажа Ангелов.

Од Велешката болница го потврдија настанот кој  го обелодени директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.  Тие  информацијата ја добиле од ЦУК веднаш по настанот.  Болницата започнала   дисциплинска постапка за сите вклучни во случајот,  кога пациент кој паднал од кревет и не можел да се подигне.  Менаџментот на болницата жали за овој случај и силно го осудува.

„Таков настан  се случил на  22.01.2024 година каде стациониран пациент на оддел за физикална медицина и рехабилитација, во 02.27 минути се јавил на 112, по што од ЦУК  е испратен официјален допис за настанот. Тогашниот Директор, веднаш презел соодветни мерки за овој несакан настан  и поведена е  дицсиплинска постпака како би се утврдила  фактичката состојба. Целокупниот персонал во болницата ги исполнува своите работни задачи одговорно и професионално. Ова е еден изолиран случај кој не смее да се одрази на целокупната слика на работењето во Болницата“ - соопштија Марина Андова портпаролка на   ЈЗУ Општа болница Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати