Два дена по ред велешани дишат воздух со ПМ10 честички над 100 мг на м3, што е над прагот за информирање на населението

Петар Печков

Два дена по ред воздухот во Велес е со концентрации на ПМ10 честички над 100 мг/м3. Според мерните инструменти на Министерството за животна средина на мерното место Велес2, лоцирано во дворот на Детската градинка во населба Тунел,  вчера биле измерени средно дневни од 115 мг/м3 а во средата 118 мг/м3.  Досега годинава од  337 дена  во 59 било констатирано поголема вредност од дозволената 50 мг/м3. Дозволен број денови  за Велес е 39.  

Според македонското законодавство, Законот за квалитет на мабиентниот воздух,  во случај на надминување на прагот на информирање за суспендирани честички со големина до 10 микрометри PM10, два последователни дена со среднодневни концентрации над 100 mg/m3, локалната власт е обврзана да даде препораки за населението. За жал до 15ч.  тие не беа објавени. 

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ги даваат следните препораки: Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот. Да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва. 

Поврзани »

Вардар низ Велес опаѓа

Експанда ДООЕЛ

ПРОДАЖЕН ЕКСПЕРТ
Локација: Велес
Број на работни места: 2

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати