Градско се збратими со градот Бари од Италија

Петар Печков

На Павловден, денот патрон на Општина Градско, локалната власт потпиша документ за збратимување со градот Бари од Италија, главен град на регионот Апулија, или Пуља, сместен во јужниот полуостровски дел од земјата. На овој чин присуствувала делегација од гостинскиот град и регионот. 

„Со овој значаен чекор ги поставуваме темелите за долгорочно партнерство, размена на искуства и реализација на заеднички проекти во области од заемен интерес. Верувам дека оваа соработка ќе придонесе за нови можности, развој и унапредување на нашите локални заедници, како и за зацврстување на пријателските врски меѓу двете општини. Нека ова партнерство биде успешно и долготрајно, во интерес на сите наши граѓани“ – кажа Киро Нацков градоначалник на Општина Градско.  

Вчеравечер во чест на денот, се одржа голем концерт на кој настапија групата Некст тајм, групата Маестро и гостинот од Србија Жељко Самарџиќ.

фото Општина Градско

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

  • да
  • не
Резултати