Вчкова, Петрова и Ристова, добитнички на републичкото признание за медицинска сестра и акушерка, која се додели на свеченост во Велес

Петар Печков

Медицинските сестри –инструментарката Ленче Вчкова, патронажната сестра Стојне Петрова и акушерката Десанка Ристова се  велешанки, добитнички на  републичките признанија за годишни признанија за  медицински сестри и акушерки. Општинските признанија ги добија Весна Димова од нервно одделение, Сузана Стојанова од детско,  Наташа Настова од хирургија, Роза Марковска од интерно, Славицаз ордевска од Здравен дом, Благица Давчевска од ОАРИЛ, Јаворка Наумова –стерилизација и Вида Тончова од гинекологија.  Нив признанијата за нивната работа и посветеност им беа врачена на саботната централна прослава која се одржа во Велес.

Во здравствените установи во земјава  се помал е бројот на медицински сестри и акушерки, и тие  ја повикаа државата да стори се, ваквата состојба да се промени на подоборо. Овие здравствени работници порачаа да се внимава, со ваков одлив на кадар, да не останат здравствените установи и пациентите без нив. Централната прослава на Неделата на сестринството (5 -12 мај)  се одржа во Велес.

„Се помалку  сме на број, од ден на ден на работните места. Секој ден е се потешко и понапорно.  Во некои здравствени установи бројот на медицинските сестри е преполовен. Поради тоа се плашиме за безедноста и на сестрите и на пациентите. Ценете ги штитети ги, почитувајте ги  и инвестирајте во сестрите за одржлива иднина за сестринството и за здравствената и акушерската нега. Заштите ја сестринската и акушерската професија. Да се реши недостигот на работна сила, инвестирајте во програми за образование на медицински сестри и акушерки“ – кажа Велка Гавриловска Лукиќ претседателка на Националниот сојуз на медицинските сестри, техничари, акушерки на Македонија (НЗМСТАМ).

Потребно е да се поддржи напредокот на медицинските сестри во кариерата, од општа до специјалист и сестра со напредна пракса.  Годинашново мото на Неделата на сестринството и акушерството е за акушерките чиј ден е 5 мај- „клучни во секоја криза“ и за медицинските сестри чиј ден е 12 мај„нашите сестри наша иднина, грижата за нив ја зајакнува економија“.

„Акушерките се дефицитарна струка во Македонија. Постојано апелираме до надлежните, да имаме што повеќе едуциран кадар за даа одгвориме на секојдневните предизвици во работата.  Работиме секоја четврта вечер, барем ние од Клиниката за гинекологија и акушерство, каде се носат сите критични случаи од земјава, а за да нема несакани  случувања, треба да имаме адекватен одмор и исплата“ – рече Сања Буклишева  претседател на секцијата на акушерки при НЗМСТАМ.

На свеченоста, на повеќе здравствени институции од земјава им беа врачени благодарници, за несебично вложениот труд, професионалност, одважноста, храброста и одговорноста при давањето на здравствена помош на повредените, во првите моменти од пожарот во дискотеката во Кочани.

„Медицинските сестри, техничарите се првите што доаѓаат во контакт со пациентите, но и со здравите кои сакаа да го сочуваат своето здравје. На болните им помагаат да им се олесни болката, страдањето. Акушерките се први кои доаѓаа во контакт со новороденчето и тие ја имаат  најубавата задача да   помагаат при доаѓањето на свет на бебето“ - кажа  Ружица Нацева, претседателка на општинското Здружение на   медицински сестри, техничари  и акушерки од Велес.

И покрај ветеното покачување на платите  на медицинските сестри во март,  во јавните здравствени установи, дел од нив го добиле, друг дел не.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати