Врачена наградата Андреја Дамјанов

Петар Печков

Архитектот Мартин Гулески ја доби наградата „Андреја Дамјанов“ за 2015 за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството во Македонија која годишно ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Промоцијата на добитникот под покровителство на Министерството за култура се одржа во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“.  Тој  е 26-ти  добитник на  оваа награда.

 Јас чувствувам потреба да се заблагодарам на сите мои учители, почнувајќи од прво одделение до последниот професор што ми беше на факултет. Меѓутоа за свои учители, јас ги сметам и сите оние со кои што сум работел, изјави архитектот Гулески, при добивањето на наградата.

Гулевски е избран од петчлената Комисија за доделување на наградата, која ја сочинувале: Вера Ќосевска, претседател на комисијата, Искра Ефремова, проф. Влатко П. Коробар, Миодраг Митровиќ и Ѓоко Радовановиќ. Богатата дејност на архитект Гулески, која трае скоро пет децении, вклучува повеќе од 100 проекти, студии и 20 реализирани објекти во земјава, регионот и во странство. За дел од нив сведочеше изложбената поставка со неговите трудови, поставена во предворјето на црквата „ Рожденство на Пресвета Богородица“. Гулески на два пати бил и дел од тимовите кои ја претставувале Македонија на Биеналето на архитектура во Венеција.Според претседателката на комисијата за доделување на наградата „ Андреја Дамјанов“, Вера Ќосевска, интернационалниот стил е главен белег во дејноста на архитект Гулески.  Тој бил и македонски амбасадор во Украина. 

За својата работа, Мартин Гулески освоил повеќе награди и признанија на домашни и меѓународни конкурси. Најзначајни се Големата годишна награда за архитектура од ААМ во 2000 година и Гран при на Биеналето на македонска архитектура во 2002. Двете награди се за објектот на гимназијата „ Нова“ на кој архитект Гулески работел со колегата Влатко Коробар. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати