Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 јануари 2026
Петокот навечер, велешанец како пешак е удрен од автомобил и се здобил со тешки телесни повреди, скршеници. Деталите од информацијата на МВР и скопското обвинителство.
„На 9 јануари во 21:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„4“ во село Визбегово, скопско, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(20 год) од село Визбегово, удрило во пешакот Ц.Ц.(54 год) од Велес“ – информираа од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бол увид од увидна екипа на СВР Скопје, за да се откријат причиние за сообраќајката.
