Во крводарителска акција во Градско собрани 96 крвни единици, најмногу за сите досега одржани во април

Петар Печков

Основната организација Црвен крст Градско, во неделата организираше кровдарителска акција. На неа беа собрани 96 крвни единици, од нив 8 лица се првократни дарители. Оваа акција е рекордна за месец април, откако во Градско се одржуваат крводарителски акции. Истата беше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина  а се реалиизраше  во просториите на домот на културата "Крсте Мисирков".

Оваа крводарителска акција беше прва од трите крводарителска акции за 2025 година. Следната крводарителска акција ќе биде одржана во месец август, за Денот на Општината.

„Изразуваме благодарност до сите хумани граѓани кои даруваа крв за оваа акција биде успешна крводарителска акција. Ги  охрабруваме и останатите граѓани да даруваат крв и да дадат свој придонес во хуманиот чин за спас на нечиј живот“ –порачаа од Основната Организација на Црвен крст Градско.

За месец април за 15 дена Општинската органзиација на Црвен крст Велес, во три крводарителски акции досега има собрани 310 крвни единици, што е висока бројка, за половина месец.

Поврзани »

Гимназија Кочо Рацин

Честит 1 Мај денот на трудот

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати