Во два одвоени инциденти привeдени две лица заради агресивно однесување

Петар Печков

СВР Велес во дневниот билтен информира за два случаи на агресивно однесување. Деталите во продолжение

На 14.03.2025 во 16.30 часот, полициски службеници одСВР Велес го привеле З.С.(38 год) од Велес,  постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Велес, агресивно се однесувал и оштетил предмети во објектот. З.С. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.03.2025 во 19.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес го привеле Д.Ѓ.(21 год) од Велес затоа што агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по извршените проверки било констатирано дека управувал патничко возило „бмв“ пред да се стекне со право на управување со моторно возило. По документирање на настанот против Д.Ѓ. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати