Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 август 2026
Ниту врелиот неделен ден и високите темепратури не беа пречка велешани во голем број да ја покажат нивната хуманост. Во текот на вчерашниот ден, недела, се одржа големата летна крводрителска акција, годинава по 34 пат.
Беа собрани 97 крвни единици од нив еден е првократен, прв пат дарувал крв. Дошле да даруваат 112 дарители, но и одредени здравствени причини не им било дозволено на 15 лица.
„Крводарителите од Велес повторно ја докажаа нивната хуманост. Упатуваме голема благодарност до сите нив“ – порачаа од Општинска организација на Црвен крст Велес која акцијата ја реализраше со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.
Се одржа во фоајето од Театар Јордан Хаџи Констатнинов Џинот.
Фото ОО Црвен крст Велес
