Петар Печков
Објавено: петок, 16 јануари 2026
Во велешката касарна „Алексо Демниески Бауман“ свечена заклетва дадоа 296 професионални војници на АРМ, меѓу нив и 26 жени. Тие наредните три месеци ќе имаат обука.
„Секогаш кога ја гледам оваа слика на нови млади лица, кои ја облекле униформата на армијата, кои кариерата решиле да ја посветат во служба на своите граѓани, на државата, ме прави горд и ме радува“ – кажа министерот за одбрана Владо Мисајловски.
„Денот на давањето на свечената заклетва не е обичен ден, тоа е настан најсвет и најважен во армијата. Тоа не е форма, туку суштина, момент кога припадникот доброволно и свесно ја презема обврска да и служи на татковината. Тоа е чин со кој се обврзувате да ги браните суверенитетот, независноста, уставниот поредок. Пристапувате кон армија членка на НАТО и институција со најголема доверба кај граѓаните. Ве повикувам времето поминато во касарната, полигоните, стрелиштата, покрај за учење да го минете во градење другарство, цврсти пријатеслтва. Токму заедништвото, заедничакта доверба, тимскиот дух се основа и слата на нашата армија“ - порача Сашо Лафчински генерал мајор, началник на Генералштабот на АРМ.
„Со давањето заклетва, стапувате во активната воена служба и ја превземате уставната, законската, моралната обврска кон државата. Таа има трајна важност и трае целата воена кариера. Се обврзавте на совесно и одговорно извршување на задачите, на почитување на воената хиерархија, постапување по важечките правила и ред. Од вас се очекува да ја оправдате укажаната доверба“ – рече бригадниот генерал Лулзим Нуредини командант на Командата за обука и доктрина.
„Војници во вас армијата гледа подмладок, нови капацитети. Вашиот труд и напредок ќе бидат следени и вреднувани. Тоа ќе бидат елементи за вашата натамошна кариера“ – кажа мајор Џунат Верџиоски од Командата за обука и доктрина.
Министерот одговори на прозивките за решавањето на нивниот статус, со над 45 години возраст. Решението е изработено заедно со армијата и наскоро ќе биде објавено. Поради големиот интерес најави и нов конкурс за професионални војници, кој ќе се реализира годинава.
Воведувањето на задолжителен воен рок за министерот за одбрана Владо Мисјаловски е добар потег, но за тоа треба да се исполат повеќе услови, кои Македонија засега ги нема. Доколу армијата реши дека тоа е потребно, тој би застанал зад такво барање.
„Јас лично го охрабрувам тој потег, воведување на задолжително служење војска. Мислам дека младите луѓе треба тоа да го поминат. За тоа треба да се земат во предвид повеќе параметри, финансиите, капацитетите. Годините наназад многу касарни се дадоа на општините, тие се пренаменија за други цели. Точно е дека многу земји тоа го направија, прават нови обуки различни од минатото, некои со два, други со три месеци, трети со 75 дена. Добро е за размислување како тема, но овој момент не е применливо. Во иднина, ако армијата и воените авторитети оценат дека е потребен тој исчекор, јас сум тука тоа да го направам “ – рече Мисајловски.
