Во Спомен Костурницата се снимаше украински научно-фантастичен филм

Петар Печков

 Продукцијата на „Mainstream Pictures LLC“ од Киев, Украина, дел од сцените на научнофантастичниот филм „Празникот на хризантемите“ („Chrysanthemum day“) дебитантско остварување младиот украински режисер Симон Мозгави, ги снимаше и на локациите во Велес и Крушево, поточно во Спомен костурницата  и „Македониумот“ . Како копродуцент од Македонија  е „Опиум филм“.

„Снимањето на филмот во Македонија е целосно завршено и се одвиваше од 19 до 29 март. Останува дел од сцените да се доснимаат во Србија и Хрватска. Се очекува филмот да биде завршен кон крајот на 2022 или почетокот на 2023 година. Она што е необично и карактеристично за „Празникот на хризантемите“ е естетски и визуелно изгледа многу поразлично од сето она што сме виделе кај нас. Тоа е токму и причината што влеговме во овој проект кој е всушност научна фантастика, што како жанр досега не е снимано кај нас. Целиот тој обмислен свет на режисерот е многу посебен. Ќе биде многу интересно овие наши локации кои се културно богатство да се видат во еден ваков проект“, вели  Светислав Подлешанов од „Опиум продукција“.

Како што додава, соработката со екипата од Украина, која броела над триесетина луѓе била извонредна и покрај сите тешкотии кои се јавиле  при снимањето, како што е воведување на полициски час, работа во услови на пандемија, потреба од посебна дозвола за работа, снегот и тешките временски услови.

“На крај се заврши како што треба. Сет дизајнерот Влатко Чочоровски со македонскиот тим работеа на огромните шестметарски статуи во „Македониумот“ за потребите на филмот, како и на вештачкиот ѕид во Спомен- костурницата во Велес што на крај се отстрани и се беше вратено во првобитната состојба“, додава Подлешанов.

По повеќемесечни претходни подготовки и изградба на комплексна сценографија во Велес и во Крушево, снимањето на филмот успешно заврши за десет дена, велат од Опиум филм.

Оваа научнофантастична драма, зборува за односите помеѓу млада лекарка и нејзиниот пациент стара „жена-цвеќе“, позната како исцелител која мистериозно преживува нуклеарна експлозија, но целосно ја губи меморијата и идентитетот. Филмот го следи патот на враќање на нејзината меморија .Филмот „Празникот на хризантемите“ е меѓународна копродукција помеѓу повеќе држави Украина, Македонија, Србија и Хрватска.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати