Во Велес, еден ново заразен со ковид-19 и еден оздравен

Петар Печков

Изминатото деноноќие во Велес е регистриран нов случај на позитивен со ковид-19. Тоа е здравствен работник од приватното здравство, кој подолго време не одел на работа. Засега  според епидемиолошката анкета, не може да  се прецизира на кој кластер припаѓа, бидејќи пациентката не посочила дека имала контакт со заразено лице,  посочија од Центарот за јавно здравје. 

Ова е 30-ти активен случај на корона вирус во велешко.   Велешкиот случај е еден од 52-те нови регистрирани случаи во земјава денес.  Во Велес има еден оздравен и тоа лице  кое престојувало во домашни услови а имало два негативни резултати од земениот брис.

На денешната прес -конференција градоначалникот Аце Коцевски кажа дека сите вработени во детските градинки, на кои им беше извршен скрининг, биле негативни.
Две лица  од Велес, позитивни на ковид-19 се наоѓаат во Скопје на Инфективна клиника и во Болницата 8- ми септември. На Инфективното одделение на велешка Болница има  хоспитализирано 14  пациенти, си позитивни на ковид-19.

Во велешко има  седум нови или вкупно 53 лица во изолација и едно во самоизолација, 17 позитивни лица се наоѓаат во домашни услови.  Дваесет велешани, повратници од странство се наоѓаат во државен карантин.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати