Петар Печков
Објавено: недела, 11 јануари 2026
Саботата попладне сообраќајната полиција уловила возач кој возел со двојно поголема брзина од дозволеното, на патот кон штип, близу крстосницата за Мамутчево. Детали од информацијата на велешкат полиција.
„На 10.01.2026 во 16:50 часот, на регионален пат Штип-Велес, кај крстосница Мамутчево, полициски службеници од СВР Велес, го лишиле од слобода А.А.(30 год) од Виница. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „поло“ со винички регистарски ознаки со брзина од 121 километар на час, на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес.
Возачот бил приведен во полициска станица, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 17 ноември лани, на истата делница, на истата локација на крстосницата за Мамутчево, беше констатирано дека штипјанец со бентли возел 143 км. а дозволена брзина е 50 км.
