Водата на езеро Младост исправна за капење

Петар Печков

Водата на вештачка  акумулација Младост,  која велешани но и гостите ја користат за капење и рекреација, е исправна. Ова  го  покажале резултати од испитувањата кои  14 пати годишно ги вршат стручните лица од ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес.   Квалитетот на водата од езерото младост се анализира од три места,   и тоа локации кои се најчесто користени:  Градска  плажа –близу Хотел Панини, плажа пред Хотел Романтик и на вливот од Отовичка река ,заради  каков квалитет вода влегува во езерото. Според категоризација  водата на езерото е во втора категорија.    

Водите на езерото се безбедни за капење, повисокиот степен на матност нема штетно дејство врз капачите   и здравјето на луѓето. Тие можат да се користат и за наводнување на околните површини. Езерото има  зголемена матност, кој е трета до петта категорија,  киселост е  прва класа. Вредностите на амонијак, нитрити, нитрати, хлориди и сулфати, кои се индикатори на органско и фекално загадување на водите,    се движат во границата на  I- ра  и  II –ра класа – вели д-р   Снежана Петрова од ЈЗУ Центар за Јавно здравје.  

Од групата на штетни и опасни материи се испитува присуството на железо и фосфати во езерските води  и вредностите се движат  во прва и втора класа, каде што е категоризирано и езерото. Водите на езеро Младост според бактериолошка контаминација се во втора класа.  Измерената температура на езерото  се движи од 9 степени во зима до 27 степени во лето. 

Потребно е  крајбрежниот појас санитарно  хигиенски да се уреди. Да се постават санитарни јазли, чешми и    правилно да се отстранува цврстиот отпад за да не влијае тој на водата – рече Петрова.  

Езерото Младост е предадено за користење на 5-ти август 1962 година.  Во него се влеваат Отовичка река и Рудничка река, која е понорница и понира 2,5 км пред езерото. Сливното подрачје на езерото изнесува 90 км 2.  Со него се  наводнуваат 1.350 хектари обработлива површина.    Во неговата близина се наоѓаат 6 села со околу две илјади жители, Рудник, Иванковци, Мамутчево,  Кумарино, Отовица,  Сојаклари.   Отпадните води од Хотел Романтик, Мотел на Велешко, Академија ,,Прокредит,,  се приклучени на новоизградениот колекторски систем    и пречистителна станица, која е готова но се уште не е ставена во функција. Отпаднати води од ,,Брод Панини, се собираат во септичка јама. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати