Викендов две сообраќајки во Велес со три лица со тешки повреди, скршеници

Петар Печков

Викендов  на територијата на ПС Велес се случиле две сообраќајки со три лица со тешки повреди, скршеници

„На 18 септември во СВР Велес е пријавено дека околу 20:55 часот, на крстосница од улиците  „Љубљанска“ и „Костурска“ во Велес, патничко возило „поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 50-годишната Б.И. од Велес, удрило во 14-годишен малолетник“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпаролка на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Велес.
„Пациентот  14 годишник по извршени снимања констатирано е дека  има скршеница на десната потколеница, направена имобилизација и соодветен третман а потоа пуштен на домашно лекување“ – кажа д-р Анамарија Џунџева портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.

„На 20 септември  во СВР Велес е пријавено дека околу 02:50 часот, на крстосница од улиците „Вардарска“ и „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.С.(18 год) од село Башино Село, велешко и патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Љ.Ѓ.(20 год) од Велес“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева портпаролка на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Љ.Ѓ. и Л.Н.(19 год) од Велес, сопатник во возилото „ауди“, а со телесни повреди се здобил Б.Ч.(19 год) од Велес, сопатник во возилото.

„Неделата по полноќ примени се двајца пациенти, извршени снимања. Кај 19 годишник  констатирана  скршеница на вратен пршлен, моментално во стабилна состојба, хоспитализиран на хируршко одделение каде се во комуникација со клиниката за трауматологија.  Кај  20годишниот е  комплексна скршеница на скочниот зглоб, дадена прва помош и веднаш транспортиран на клиника за трауматологија за понатамошен третман“ – рече д-р Ана Марија Џунџева портпаролка на ЈЗУ Општа болчница Велес.

Екипи на СВР Велес извршиле увид на двете сообраќајки,  по што ќе бидат познати причините за сообраќајните несреќи.   

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Оператори во производсто Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати