Велешанец осомничен за семејно насилство врз вонбрачната партнерка

Петар Печков

Осомничен 41-годишник од Велес со непријавено престојувалиште во Скопје, при вршење семејно насилство, со умисла телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка, соопштија од ОЈО Скопје.

„Додека оштетената ја подготвувала да ја однесе во градинка нивната ќерка, тој најпрво започнал вербална расправија, а потоа со лажица за облекување чевли, во повеќе наврати ја удрил во пределот на главата. Жртвата се повлекла во спалната соба од станот, каде осомничениот насилно ја турнал на креветот, го зел нејзиниот мобилен телефон и го фрлил на подот, почнал да ја плука по лицето и со неколку удари со бокс во главата и  телото и нанел телесни повреди – контузија и хематоми“ – соопштија од ОЈО Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати