Велешанецот кој е во затворот во Идризово а е позитивен на ковид-19, не може да посочи од кого се заразил

Петар Печков

Затвореникот  од Идризово не може да прецизира од кого  заболел со корона вирус, соопштија надлежните од велешкиот Центар за јавно здравје. Велешанецот кој отслужува казна затвор,  во четвртокот  го добил резултатите дека е позитивен на ковид-19, откако на 30-ти јуни,во  вторникот,  се пожалил дека има повишена температура, по што му бил земен брис. 

Му извршивме епидемиолошка анкета и тој не може да посочи дека се сретнал со некој кој бил позитивен или лице кое било во изолација, или било кој сомнителен случај. Средбите кои ги имал додека бил на викенд отсуство дома во Велес, биле кратки, така што не може да  каже од кого станал позитивен на ковид-19 - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес, каде бил истражуван овој случај.  

Затвореникот бил на возраст од 50 години и е пуштен на викенд во периодот од 24-ти до 27-ми јуни.  Поради него, од Центарот соопштија, дека има  лица со кои бил во контакт, тие  се во самоизолација а затвореникот се наоѓа во Затворот Идризово.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати