Артистите, жонглерите и забавувачите од Баскер фест вторник навечер пак во Велес

Петар Печков

Вторник попладне од 19ч. во амфитетарот на Младински парк, во Велес гостува Баскер фест, фестивал на уличната уметност.  Годинава под мотото „Караванот на насмевки е тука“. 

Посетителите ќе можат да се сретнат акробати и жонглери што со леснотија ја држат публиката во очекување, улични музичари што будат емоции, илузионисти што ќе ве натераат повторно да верувате во магија и кловнови кои со еден гест или поглед успеваат да изнудат насмевка.

„Сите тие се подготвени да ја споделат својата уметност и страст, да нè поканат да се забавуваме заедно, без разлика на возраста, интересите или од каде доаѓаме. Вечерта гарантира изненадувања, позитивна енергија и интеракција. Амфитеатрот ќе оживее со звук и боја, локацијата ќе се претвори во места на средби меѓу уметниците и публиката, со специфичен фестивалски пулс што ги спојува луѓето, без разлика дали се познаваат или не“ - соопшти организаторот.

Велешани и посетителите ќе можат да  видат шест уметници, најавени се:  Мр. Мустачо, Julian, Daniel, Mascarpone, Baterix, Mango de fa.Сите тие живеат од доброволните прилози кои публиката ги дарува по завршувањето на нивниот настап.  

Артистите од Баскерфест во Велес беа лани -2025, и далеку претходно 2013 и 2017-та година. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

  • да
  • не
Резултати