Јулијана Павлова е Вешта жена на Велес за 2024 година

Петар Печков

Јулијана Павлова е Вешта жена за Велес за 2024 година. Манифестацијата  која се одржува традиционално, со години наназад, е во организација на Вешта жена и  Организацијата на жени Велес.

Павлова ќе го претставува Велес на завршната  манифестација за Вешта жена на Македонија, која ќе се одржи во месец мај во Тетово.

На годинашниот настан учествуваа четири жени кои подготвија предјадење,  главно јадење,  десерт, но се оценуваше и поставеноста и декорацијата на масата,  икебана,  а жирито заедно со присутните гости   ја избра за најуспешна Јулијана Павлова. Еден од спонзорите на манифестацијата е велешки „Кристал 1923“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати