Рекордни 75 возила олдтајмери беа изложени на Питијадата (фото видео)

Петар Печков

Рекордни 75 стари автомобили во возна состојба, познати како олдтајмери беа изложени на изложбата која се одржа во Велес, во рамките на манифестацијата Питијада. Имаше изложено автомобили од Македонија, Србија, Хрватска, БиХ и Косово.  Најстарите година на производство од средината на 60-тите од минатиот век,  најбројни беа примероците на  возила марка мерцедес и популарниот фиќо.   

„Имаме најголем број на учесници автомобили  досега но и огромен интерес од велешани како посетители. Штета што на овој простор немаме можност да примиме повеќе, па некои наши пријатели моравме да ги вратиме, немаше каде да бидат поставени. Пријатно сме изненадени од големиот број и на возила и на гости“ – кажа Ристе Мулев, од Здружението Кинг оф д стритс организатор на изложбата. Ова е петта изложба на олдтајмери во Велес. 

Најбројно учество на олдтајмери од странство, имаше од Србија. Меѓу нив и фолсваген година на производство 1967, за кој сопственикот вели, нама цена за која би го продал.

„Моделот е тип 3 фолсваген 1967 година производство, татко ми го купи нов од Симос во Копер од Словенија. Во фамилијата е од првиот денм. Татко ми почина 1997 година, седум години го репарирав, по што и го подарив на ќерка ми за роденден. Во зависност од патот, потрошувачкта на гориво е од 7 до 10 литри на 100км.  Го возиме за забава, уживање. Автомобилот е семеен и нема цена за продажба“ – рече  Бата Стевановиќ од Ниш Србија. 

На изложбата беше присутен и велешанедот Иле Андовски, кој има селекција на мотори, сите марка Томос. Неговите мотори беа мамка за посетителти и помалдите и повозрасните. 

„Оваа љубов ми е пренесена од татко ми. Собирам, реставирам исклучиво марка Томос. Ова ми е хоби.Во Македонија многу ретко можат да се најдат, ги набавујвам од Срија, Хрватска и Словенија“ – рече Андовски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати