Петар Печков
Објавено: среда, 22 октомври 2025
Младата велешанка Ива Ракиџиева ја промовираше нејзината прва музичка нумера, песната „Последен лет“. Таа е авторска, и текстот и музиката се нејзино дело. Автор на аранжманот е на Сашо Младеновски, додека видео спотот е дело на Стефан Петровски. Промоторот, актерот Филип Христовски кажа дека за некоја година велешани со гордост ќе раскажуваат дека ја познавале Ива.
„Ние велешание знаеме кога немаме, да имаме и кога немаме ламба за пишување - имаме свеќа. Велешани знаат да се пофалат. Така за неколку години, убеден сум дека ќе зборуваат, а Ива ја знам од мала, друг да, да трчкаше овде тука, ќе се гордееме со нејзиниот талент, глас“ – рече Филип.
Ива, која песната ја промовираше во велешки театар, на сцената кажа дека му ја посветува на дедо и.
„Огромна чест е да стојам овде пред вас, и да ја промовирам мојата прва песна, која има огромно значење за мене. Благодарност до тимот кој работеше, сето ова да стане реалност, до родителите кои беа огромна поддршка. Немаше да почнам да епам, ако не беше дедо ми, кој почина, но неговите зборови, поддршка, беа непроценливи за да продолжам. Затоа оваа песна му ја посветувам нему“ – реча Ракиџиева.
Во продолжение таа одржа мини концерт.