Hyundai Tucson од инстант лозот 7 Х 7 го вози семејство Лутовски од Битола

Петар Печков

Со задоволство ги претставуваме најновите добитници на Hyundai Tucson од инстант лозот 7 Х 7, семејство Лутовски од Битола (видео).

Тимот на Државна лотарија се сретна со добитниците на главната премија во авто салонот „Гранд Ауто“ каде што ги предадовме клучевите од прекрасниот авомобил, а Марјана имаше можност да разговара со Влатко Лутовски и неговата ќерка Андријана кои видно возбудени ни ја раскажаа среќната приказна.

Имено, Влатко купил неколку инстант лоза 7 х 7. Ги изгребал дома, а радосната вест ја соопштил на неговата сопруга, но се договориле премијата да ја држат во тајност од неговите ќерки се до денот на доделувањето.

Еден од поубавите моменти беше кога ја пречекавме Андријана во авто салонот и сфати дека нејзините родители не ја довеле да купат автомобил, туку дека нејзиниот нов автомобил Hyundai Tucson е всушност главната премија на инстант лозот 7 х 7. Збунета и среќна ни раскажа дека долго време инсистирала да се поднови семејството со нов автомобил, но да биде „поголем и комфорен“, мислела дека конечно ја послушале и ќе и ја остварат желбата, но среќата се насмевнала кога најмалку очекувале.

Влатко е долгогодишен играч на игрите на среќа на Државна лотарија, а претходно има остварено помали добивки. Едногласно се согласија дека отсега ќе играат Доме, сладок доме за нов стан во Скопје.

Ги испративме со новиот автомобил за Битола, со желби за многу поминати километри, а семејство Луковски порачаа на сите играчи да не се откажуваат, затоа што среќата е насекаде.

ПР текст

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати