Aнгел Петрушев по петти пат го освои меѓународниот ИКАС куп

Петар Печков

Младиот велешанец  Ангел Петрушев е победник на годиншното издание на меѓународниот ИКАС (Илинденски кајак слалом) куп во кајка слалом на диви води, кој се одржа на патеката Матка. Петрушев денес, недела попладне имаше најдобро време во финалето помеѓу 10 финалисти.  Втор е Канаѓанецот Пери со заостаток од 1,41 секунда а трет беше Србинот Ѓорѓевиќ со 1,72 секунди послабо време. Четврт е Словенцот Винковиќ со  +5,38 а петти велешанецот Стефан Рибарски со + 5,91. Во финалето веслаа и кајакари од Хрватска и Турција.

Денешната трка, финалето се бодуваше за бодови за учество во трките на Светскиот куп следната година, што е новина во натпреврите на Светската кајак федерација. Тоа предизвика на ИКАС купот да учествуваат кајакари од 10 држави и повеќе од 100 учесници. 

Петрушев прв пат ИКАС го освои 2019, потоа три пати по ред 2022, 2023, 2024 и годинава по петти пат.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати