Петар Печков
Објавено: четврток, 14 август 2025
Велешанката Ленче Андреевска, во наредната сезона ќе настапува за грчки ПАОК. Андреевска, (32 год) која има богата меѓународна кариера, сезоната 2025/26 ќе игра во најквалитеното грчко првенство, во женскиот фудбал. Клубот од Солун, минатата сезона го освои 5-тото место во „А“ дивизијата од 11 клуба.
„ПАОК и Женскиот фудбалски оддел, ПАОК Морис, го објавуваат почетокот на соработката со спортистката Лени Андревска за сезоната 2025-2026. Таа игра на позицијата крилен играч и е висока 170 см. Андреевска е играч со големо искуство, брзина и техника, а се одликува и со способности во клучни додавања, центрирања и постигнување голови, што е мултидимензионален спортист, како во креативниот, така и во извршниот аспект“ – пишува грчкиот клуб.
Андреевска осум пати го има освоено македонското првенство и четири пати куп. Играла 10 сезони во највисокото меѓуклупско натпреварување, Лигата на шампионите на УЕФА за жени. Минатата сезона (2024-25) играше во Турција, носејќи го дресот на Унје Кандин, броејќи 24 настапи и постигнувајќи 8 гола и 9 асистенцииЗа македонскатаа фудбалска репрезентација има над 80 настапи. Таа во 2024 година ја доби титулата спортски амбасадор на Велес.
Во врска со почетокот на соработката со ПАОК, Лени Андревска изјави на официјалната веб-страница на клубот, acpaok.gr.
„Станувањето член на семејството ПАОК не е трансфер, туку обврска за мене. ПАОК е клуб со огромна историја, гордост и навивачи кои живеат за него. Чест е да бидам тука, да се борам секоја секунда на теренот за овој дрес и да ја давам душата за овој тим.“
Добредојде во ПАОК, Лени, порачаа од клубот!