Четири жени ги раскажаа нивните успешни животни приказни (фото)

Петар Печков

Четири жени, четири успешни животни приазни. Тие беа раскажани во Европската куќа во Велес од Шведскаа амбасадорка Ларсон, оперската певица и диригент Веселинка Маџарова, единствениот моден цветен креатор Јагода Пачемска и Лорета Стефаановска визуелен уметник. На настанот присустува млади девојки од средните училишта во градот.

„Имавме привилегија да слушнеме инспиративни приказни од четири неверојатни жени, секоја лидер во својата област. Ани Ларсон Јаин амбасадорка на Кралството Шведска во земјава, сподели вредни увиди за дипломатијата и градењето мостови меѓу културите. Веселинка Маџарова ја раскажа својата патека до врвот како диригент и солист, докажувајќи дека музиката е моќен јазик на лидерство. Јагода Пачемска, првата цветна модна дизајнерка, откри како страста кон цвеќињата може да стане уметност и успешен бизнис.Лорета Стефановска ги воведе присутните во светот на визуелниот дизајн и креирањето на игри, каде креативноста станува виртуелна реалност“ – соопштија од Европската куќа.

Младите девојки кои беа дел од настанот имаа можност лично да разговараат со секоја од говорничките, да постават прашања и да добијат вредни совети за нивниот кариерен пат.

Четири жени, четири инспиративни приказни – мотивација за сите млади жени кои го трасираат својот пат кон успехот, порачаа организаторите од Европската куќа- Велес.
 
Фото ФБ Европска куќа

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати