Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 мај 2025
Судскиот совет на Република Северна Македонија на 521 -та седница одржана на 30 април, избра двајца нови судии за Основен суд Велес. Тоа се Наташа Андреева и Сања Велеска. Додека велешанецот Роберт Митевски е избран за судија на Основен кривичен суд Скопје.
Сите тројца се од генерацијата, неодамна завршени на Академијата за судии и обвинители.
Основен суд Велес има 12 судии без претседателката Валентина Ѓорѓиевска. Неодамна беше избрана Мила Цилакова, која е од неодамна завршената генерацијата на Академијата за судии и обвинители. Таа е распределена да води граѓански предмети.
Ново избраните две судијки, треба да положат заклетва па да бидат распределни какви предмети ќе работат. Судскиот совет неодамна објави дека Основен суд Велес има недостаток од пет судии.
На конкурсот на Советот на јавни обвинители, за избор на обвинител за ОЈО Велес, не се пријавил ниту еден заинтересиран.