Промовирана збирката поезија нз Лила Арсова „Зимска убавица“

Петар Печков

Во медиотеката од Велешката библиотека „Гоце Делчев“ беше промовирана стихозбирката „Снежна убавица“ од Лила Арсова. Тоа е нејзина осма книга поезија.  

„Книгата има многу убав метафоричен наслов, посветена е на зимата. Содржи песни кои го опфаќаат ова годишно време, поврзано со децата, магијата, волшепствата, радостите, празниците, песни посветени на Божик, Коледе, нова година, песни кои се врзуваат со природата во зима,  песни кои ја слават топлинта, љубовта, иако прва асоцијација за зима е снег и студенило.  Во песните на Арсова ќе сретенеме нешто што не топли,  што ни носи радост. Песните се псоветени на децата но може да уживаат и возрасните.   Во песните  превејува белината, асоцијација за  чистота, убавина, невиност, како што се децата“ - кажа  промоторката проф. д-р Елизабета Бандиловска.

Книгата е издадена од Клубот на писатели Коста Солев Рацин од Велес. Книгата е богато илсутрирано со слики во боја, дело на Вера Самарјанин. 

„Тематски песните од книгата се за зимата, зимските радости, зимските празници. Недостасуваа во детската литература вакви намески песни за зимата, поради што се одлучив да ја посветеам токму на неа“ – рече Арсова. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ја оценувате работата на сообраќајната полиција во Велес? (училишна оценка)

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Резултати