Изложба на уметникот Амер Хаџиќ од Сарaево во Ликовен салон во Велес, поп арт уметност со цртаните јунаци (фото)

Петар Печков

Изложба на босанскиот уметник Амер Хаџиќ, „Бетон, меморија, поп -икони“ е поставена во Ликовниот салон во Велес. Таа нуди можност на запознавање со специфичниот ликовен израз на авторот со неговиот начин на поврзување на традиционалното и современото. Преку своите дела, Хаџиќ го истражува односот меѓу урбаниот простор, архитектонското наследство и симболите на популарната култура. 

„Напуштените градски амбиенти, трагите на времето и препознатливите ликови од современата визуелна култура се среќаваат во дела што отвораат прашања за меморијата, идентитетот и општеството во кое живееме. Познатите јунаци од нечие секојдневие, Снупи, Пинокио, Мики Маус,  преку поп-артот се нацртани надвор од нивниот живот, на ѕидовите кои постојат во Сараево, на овие дела изложени тука“ – кажа Јаким Зимоски  директор на Музеј галерија на  Кавадарци, институција која ја донесе изложбата во Македонија. 

Поставката се состои од 28 дела изработени во техники масло и акрил на платно. Иако Амер Хаџиќ  е автор на 38 годишна возраст,  член Академијата на БиХ на науки и уметности, работи како професор на Ликовната академија во Сараево.  Изложбата претходно беше поставена во Музеј галеријата на Кавадарци. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати