Пораз во дербито за опстанок за велешки Борец на домашен терен од ФК Осогово

Петар Печков

Пораз на велешки ФК Борец со кое го потврдува враќањето во Трета лига Југ, каде лани играше.

Денес на Градски во Велес во дербито нa дното од 21 коло, се сретнаа 14-то пласираниот ФК Осогово и 15 –тиот ФК Борец Гостите лесно стигнаа до важни три бода со победа од 1:3. Поведоа во 4 минута а двата гола ги постигнаа за две минути 55 и 56. Велешани остануваат каде беа претпоследни, сега веќе со сериозна разлика од 6 бода со кочанчани.

Ако се земе во предвид дека во претходното коло беа поразени од фенерџијата ФК Вардарски, сега од соседот на табелата ФК Оосогово, тогаш е целосен впечатокот за (не)квалитетот на екипата за ваква конкуренција. Згора на тоа во 21 натпревар постигнаа мизерни 12 гола.

Во следното коло гостуваат на екипата ан ФК Скопје која е 8 пласирана.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали по три години пауза, Македонија треба да се врати на музичкиот фестивал Песна на Евровизија“?

  • да
  • не
Резултати