Ветераните на ОК Борец трети на турнирот во Соко Бања, Србија

Петар Печков

Ветераните на ОК Борец го освоија третото место на турнирот кој викендов со одржа во Соко Бања, Србија. Во конкуренција на 18 екипи меѓу нив и од БиХ и Србија, велешките одбојкарски ветерани, беа високо пласирани трети. Во групната фаза играа со екипите на ОК  Белград, ОК Краљево  го освоија второто место, во ¼ финале  играа против составот на Тузла, победија со 2:0, во полуфиналето загубија од составот на Белград со 2:1. А во борбата за трето место велешани беа подобри од ветераните на Ниш со 2:0.. Првак била екипата од Краљево која со 2:1 го победила тимот на Белград. Ветераните на ОК Борец за третото место добија пехар, медалји и  дипломи.

Овој викенд кога ОК Борец ветерани учествуваа на турнирот во Србија, се одигра третото коло на одбојкарската лига на ОФМ за ветерани.  Велешани требаше да играат со составот ан ОК Пендија а ќе го одиграат на 7 мај во Тетово, по што следи редовното четврто коло е на 11 мај а последноот петто, пред лкетната пауза е во Велес на 25 мај, каде ОК Борец  ветерани е домаќин.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати