Мирчевски и Небиовски на ЕП во кајак во Прага

Петар Печков

Двајца велешани, се членови на репрезентацијата на Македонија во кајак на Европското првенство во слалом, кое ќе се одржи од 31 мај до 3-ти јуни. Се вози на патеката Троја близу Прага, Чешка. Македонската селекција ја сочинуваат кајакарите Борче Мирчевски и Енис Небиовски.

Тие ќе возат  слалом во К-1.  Квалификациите  се на програмата во петок, кога ќе се возат двете елиминациони  трки, полуфиналето на 20-те најдобри е во сабота а финалето каде учествуваат 10-те со најдобри времиња е во недела претпладне. 

Тренер на репрезентацијата е Роберт Папазов. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати