Браќата Ванчевски победници на двете етапи од меѓународната велосипедска трка „Трофеј Велес“

Петар Печков

Викендов се одржа меѓународната трка „Трофеј Велес“ која се возеше во де етапи, два дена. 

Првиот ден, саботата  се возеше   ридски хронометар, угорница на Лакавица 20 км. Победи Кристијан Ванчевски од МВК Велес, втор  беше Полјакот Димитру Прудникау кој настапува за ВК Тирана а трет Петар Трајковски од ВК Пелистер 15 мај. 

Вториот ден, недела се возеше класик Велес-Богомила-Велес  во должна од  90км. Втората трка се возеше во исклучително лоши временски услови со силен дожд од стартот до целта. Победи Виктор Ванчевски од  МВК Велес, втор Блертон Нуха  од ВК Кастриоти Урошевац, а трет беше  Матео Балај национален тим на Албанија.

Меѓународната трка Трофеј Велес,  годинава  славеше  јубилеј од 25 години. На неа учествуваа клубови од три земји Македонија, Косово и Албанија. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати