Министерот за земјоделие во посета на свињарската фарма на Агриа (фото)

Петар Печков



Во посета на свињарска фарма во село Чичево,  дел од  компанијата, Агриа беше министерот за земјоделие Цветан Трипуновски. Генералниот директор Перо Колевски кажа дека компанијата посветува високо внимание на современиот начин на работа а прилог на тоа е модерната свињарска фарма. 

„Имаме висок степен на биосигурност на фармата, висок стандард на производство и грижа за добросостојбата на животните.- кажа Колев. 

Покрај производството на висококвалитетно свинско месо, компанијата АГРИА располага со  сопствена фабрика за производство на добиточна храна, фарма за производство на говедско месо.

„АГРИА е докaз дека македонските компании можат да бидат лидери во областа на сточарството.  Оваа посета ми даде можност да се запознаам со предизвиците и потребите на модерното македонско земјоделство“ – рече Трипуновски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати