Велешка Маслодајна откупи 6,6 илјади тони сончоглед, што помалку од лани а за прв пат се купи од Грција

Петар Печков

Велешката фабрика за масло за јадење „Кристал 1923“ откупи 6.600 дони сончоглед, од нив 4.100 се од Македонија, другите од странство. 1.100 тони од Србија, 800 тони од Косово и годинава за прв пат во децениското постење на фабриката 600 тони од Грција. Откупената количина е помала отколку ланската, кога беа преработени 7,3 илајди тони.  

„Целокупниот род  од Македонија годинава  заврши во фабриката, иако претходните години дел се продаваше во Грција, годинава за прв пат откупивме сончоглед од кај нив.  Ова количество доволно за производство  за два и пол до три месеци. Ние сме единствената фабрика за масло за јадење во Македонија која го преработува сончогледот. Пред 40-тина години фабриката  откупувала 40 илјади тони сончоглед и го преработувала  12 месеци“ – вели Олгица Стојанова директор за производство во велешка Маслодајна.  

Три  години по покачувањето на ДДВ на сончогледот на  10 отсто тоа не е намалено и покрај реакциите на фабриката. Тоа штетно влијае и врз земјоделците одгледувачите на оваа индустриска култура и на работата на единствениот производител на масло за јадење преработено од сончоглед. За разлика од тоа ДДВ-то на суровото масло, кое се увезува е само 5 отсто. За раководството  тоа е нелогична економска одлука на претходната Влада, која сегашнава не ја корегира, домашното производство да има поголем ДДВ од увезеното.  Намалениот откуп, создава проблем во работењето. 

„Имаме проблем со екстрацијата бидејќи вработените се ангажирани само три месеци, остатокот 9 месеци  не. Тоа е специфична работа со хексан, не може секој да ја работи, треба обука 2-3 години и ако продолжи намалувањето на откупот на сончогледот повеќе ни се исплатува да купуваме нерафинрано масло и да го преработуваме како останатите фабрики во земјава.   Ако го отфрлиме сончогледот и повеќе не го преработуваме, тешко дека ќе се врати во македонските полиња. Ќе ја доживее судбината на памукот, шеќерната репка“ – вели Горан Лазов, директор на „Кристал 1923“.  

Земјоделците сончогледот го засадуваат како плодоред, тоа е наизменично засејување на исти земјишни површини со разни земјоделски култури, заради подобар, повисок  принос. Агрономите велат дека исто така за плодоред може да послужи и маслодајната репка, која скоро и да не се одгледува во Македонија, иако од неа се добива квалитетно масло за јадење. 
Земјоделците  со актуелната аграрна политика кон сончогледот не гледаат потреба да ја засадуваат оваа индустриска култура.

„Субвенциите ги намалија од 200 евра по хектар на 100 евра,  премијата за предаден сончоглед од пет денари за килограм ја укинаа,  посево ова како да се одгледува сончогледот. Единствено Маслодајна ги исплатува сите обврски навреме. Родот годинава зависи од регионот, некаде беше добар -по тон и пол од хектар, некаде лош 800 кг од хектар, нема правило, зависи од почвата и временските услови.“ – Митат Исмаиловски земјоделец од Пелагонија. 

И земјоделиците и раководството на Маслодајна очекуваат држвата и Министерството за земјдоелие да постават стратегија за развој на оваа гранка, за да не се случува увозот да биде се поголем, на наспроти домашното произвдство за кое се издвојуваат сериозни средства преку субвенции. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

  • да
  • не
Резултати