Петар Печков
Објавено: петок, 24 октомври 2025
Во текот на вчерашниот ден во Неготино бил уапсено лице, во чиј дом е лоцирана импровизирана лабараторија, пронајдена вештачка дрога и марихуана. Неготинецот заврши во притвор. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 23 октомври во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Б.П.(38 год) од Неготино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, откриена е импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци во која биле пронајдени и одземени над 120 грама амфетамин спакувани во повеќе различни пакувања, марихуана, како и предмети со остатоци од масло од хашиш“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Против Б.П. е поднесена кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
По барање на обвинител од ОЈО Кавдарци, судија на претходна постапка во Основен суд Неготино, определена му е мерка притвор во траење од 30 дена и лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор.
