Ангел Мицевски Скакар со државната награда за спорт 8 Септември

Петар Печков

Велешанецот Ангел Мицевски Скакарот, е добитник на државната награда 8 септември, признание од областа на спортот. Целиот спортски животен пат кај велешани познатиот Скакар го мина во борењето, создавајќи  и пишувајќи историја во градската спортска хроника, тој во овој спорт е повеќе од шест децении. 

Наградата се доделува по повод Денот на независноста 8 Септември а ја доделува Министерството за спорт   за високи остварувања во областа на спортот. 

Со Државната награда „8 Септември“ им се оддава признание на спортистите, тренерите и спортските работници кои со своите резултати, посветеност и долгогодишна работа оставиле трајна трага во македонскиот спорт. Таа годинава се одржа по четиринаесетти пат, за прв пат 2012. 

Годинешни добитници на еднократната наградата за остварувања во областа на спортот освен Ангел Мицевски се Димче Ангелов и Ацо Крстов (борење), Дејан Ангеловски (атлетика). Наградата за животно дело која е од траен карактер му припадна на Трајче Димков, човек чиј живот е нераскинливо поврзан со борењето – како спортист, тренер, селектор и спортски работник.

Министерот за спорт Борко Ристовски, ги поздрави добитниците и во своето обраќање истакна дека државната награда што го носи името на Денот на независноста има посебна симболика, бидејќи со неа државата им оддава почит на луѓето чии спортски достигнувања станале дел од нејзината историја.

На конкурсот за 2026 година беа поднесени девет кандидатури за државната награда и шест кандидатури за наградата за животно дело. Изборот на апликантите  го спроведува Одборот за доделување на државната награда кој го сочинуваат 13 лица, истакнати спортски работници и професори од областа на спортот.

 фото Министерство за спорт

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати