Петар Печков
Објавено: четврток, 10 април 2025
Криптограф на ЦИА успева да ја уцени својата агенција да го обучи за да се впушти во потрага по група терористи што ја убиja неговата сопруга. Возбудлив шпионски трилер „Аматер“ премерино во светот и во Велес, во Киноверзум, во кој главните улоги ги играат Рами Малек и номинираниот за Оскар Лоренс Фишбурн, а според истоимениот роман на Роберт Лител. Чарли Хелер (Малек) е брилијантен, но длабоко интровертен сајбер стручњак на ЦИА којшто работи во подрумот на седиштето во Ленгли. Животот му се превртува наопаку кога жена му загинува во терористички напад во Лондон. Кога неговите надредени ќе одбијат да преземат акција, тој ги зема работите во свои раце и тргнува на опасен пат за да пронајде одговори. Неговата интелигенција станува најмоќното оружје во обидот да ги избегне оние што го гонат и да се одмазди.
Најгледаниот филм викендов во светот „Мајнкрафт“ втора недела пред велешани во Киноверзум. Четири чудаци ненадејно се вовлечени низ мистериозен портал во бизарна и коцкеста земја на чудата која се развива со имагинација. За да се вратат дома, тие ќе мора да го совладаат овој свет додека тргнуваат во потрага со неочекуван, стручен занаетчија. Мајнкрафт, најпродаваната видеоигра на сите времиња, во последните 15 години стана глобален феномен, инспирирајќи генерации играчи и креативци. Сега за прв пат светот на игратата се пренесува на филмското платно, нудејќи возбудлива перспектива исполнета со акција, хумор и неверојатна визуелна естетика. Филмот следи четворица аутсајдери – Гарет Ѓубреџијата Гарисон (Момоа), Хенри (Хансен), Натали (Маерс) и Дон (Брукс) – кои, додека се соочуваат со обични проблеми, ќе бидат вовлечени низ таинствен портал во чудесниот Почетен свет. Овој необичен свет е препол со фантазија, но им носи неочекувани предизвици – од учење како да се однесуваат во новото опкружување до одбрана од непријатели како Пиглин и Зомби. На својот пат го среќаваат рударот и градител Стив (Блек), па заедно со него тргнуваат во епска авантура што ќе ги научи како да ја користат сопствената креативност за надминување на сите пречки, како во светот на Мајнкрафт, така и во вистинскиот живот.
Акциониот филм „Работникот“ е втор по гледаност филм во светот изминатиот викенд, со Џејсон Стејтам, кој како Левон Кејд се откажал од опасниот живот за да биде добар татко и да работи во градежништво. Но, кога ќерката на неговиот шеф исчезнува, тој е принуден да ги искористи своите стари вештини од светот на специјалните операции. Во потрага по вистината, Левон открива мрачен заговор што му го загрозува новиот живот и сите што ги сака.
На репертоарот на Киноверзум во Велес е најновната филмска приказна за „Снежана“ , раскажана од студиото Дизни, втор по гледаност во светот.Во филмот играат Рејчел Зеглер во улогата на Снежана и Гал Гадот како лошата маќеа. „Дизни“ претходно најави дека ќе ги замени џуџињата со „магични суштества“ за да се избегне зајакнувањето на стереотипите, а џуџињата се прикажани преку видео анимации. Во филмот исто така го нема принцот, туку се фокусира на „посилната“ Снежана која сака да биде лидер.